Словенечкиот претседател во посета на Косово
Претседателот на Словенија, Борут Пахор се очекува денеска да допатува во Приштина, каде што ќе се сретне со неговата косовска колешка, Вјоса Османи.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, според официјалната агенда на посетата, освен со Османи не се предвидени други средби на Пахор со косовските челници.
По средбата, закажана за во 16 часот, двајцата претседатели ќе дадат изјава за новинарите.
Порталот „Газета експрес“ напоменува дека посетата на Пахор на Приштина доаѓа по појавувањето на „нон-пејперот“ за наводно „конечно решавање на споровите во регионот“ по пат на размена на територии, меѓу другите и меѓу Косово и Србија, а за кој дел од медиумите тврдеа дека е изработен во кабинетот на словенечкиот премиер Јанез Јанша. Официјална Љубљана ги демантира таквите информации, а Пахор тогаш изјави дека решението за Западен Балкан е единствено неговата интеграција во Европската унија и никаква промена на териториите.
Ново на Сител
-
ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни
-
Поскапуваат горивата
-
Приведен маж од Скопје, возел со 2,90 промили алкохол во крвта
-
Сител Телевизија вработува водителка на временска прогноза
-
Приведено лице што возело со 184 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час
-
Државна лотарија – во поддршка на културата и оштествениот развој
-
Ѓоковиќ: Кога се приближуваш кон 40. година треба да научиш да ја чуваш силата за најважните моменти
-
За една недела во Центар отстранети 99 непрописно паркирани возила