Словенечкиот парламент го одобри признавањето на Палестина
Словенечкиот парламент синоќа го одобри признавањето на независна палестинска држава, отфрлајќи го барањето на главната опозициска партија за референдум за ова прашање, јави Хина.
Претставувајќи ја одлуката на Љубљана како „порака за мир“, премиерот Роберт Голоб кажа дека тоа е важен чекор и предуслов за преговори за решение со две држави.
Владејачката коалиција има мнозинство во парламентот од 90 места.
Документот за признавање на палестинската држава го одобрија 52 пратеници, со еден воздржан и без глас против, а претставниците на опозицијата ја напуштија седницата.
Словенечката демократска партија на поранешниот премиер Јанез Јанша во понеделникот поднесе барање за одржување на консултативен референдум за признавање на Палестина.
Како што пишуваат словенечките медиуми, Јанша кажа дека владината одлука за признавање на Палестина веќе и нанела долгорочна штета на Словенија „бидејќи ја поддржува терористичката организација Хамас“.
Израелското Министерство за надворешни работи минатата недела ја осуди одлуката на Словенија да ја признае независната палестинска држава.
Министерот за надворешни работи Израел Кац рече дека одлуката, за која ќе гласа парламентот, е награда за Хамас за убиствата и силувањата.
Во соопштението Кац кажа дека овој потег го зајакнува и Иран, непријателот на Израел и му штети на „блиското пријателство на словенскиот и израелскиот народ“.
Ирска, Норвешка и Шпанија официјално ја признаа независна Палестина минатата недела. Шведска го направи тој потег пред десет години.
Сите овие потези го зајакнаа палестинското прашање во светот, но го налутија Израел. Повеќе од 140 од 193 земји-членки на Обединетите нации ја признаваат Палестина како суверена држава.
Западноевропските земји и САД долго време беа исклучок.
Ново на Сител
-
Акциска контрола во угостителски објект во Штип, приведен 29-годишник, пронајдена дрога
-
Парламентарни избори во Австралија
-
Тројца со насилство барале малолетник да влезе во казино, поведена постапка
-
Администрацијата на Трамп подготвува нови санкции против Русија
-
Притвор за осомничен кој подметнал пожар на два имотa на поранешната сопруга
-
Елмас изнуди пенал и го спаси Торино од пораз против Венеција
-
Во Белград комеморативни собири по повод две години од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“
-
Хјустон го победи Голден Стејт и израмни во плејофот во НБА