Словенечки Петрол ќе ја наплаќа услугата за полнење на електричните возила
Словенечката енергетска компанија „Петрол“ од понеделник ќе започне со наплата за користење на нивните полначи за електрични возила, по седум години бесплатно обезбедување на услугата.
Компанијата соопшти дека тоа е важен чекор за понатамошен развој и проширување на инфраструктурата за полнење електрични автомобили во регионот, додавајќи дека има намера да инсталира повеќе од 1.300 станици за полнење до 2025 година, пренесува СТА.
За возачите кои ги полнат возилата на полначите со сила до 22 киловати, цената ќе биде 25 центи за киловат час.
Корисниците ќе плаќаат за услугата преку системот Уан Чарџ (OneCharge) врз основа на потрошената енергија, а не на времетраењето на полнењето.
„Петрол“ работи со најголемата мрежа на станици за полнење на електрични возила во Словенија и по должината на границата со Австрија, која, според податоците на веб-страницата на компанијата, има повеќе од 100 локации.
Досега, „Петрол“ наплатуваше само за употреба на станици за брзо полнење.
Фрима Електро Љубљана беше прва во Словенија која воведе наплата за услуги за полнење на е-возила во мај 2019 година. На корисниците им наплаќаше врз основа на количината и времетраењето на полнењето.
Ново на Сител
-
Србија преговара со Русија за изградба на нуклеарна централа
-
Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците
-
Приведени две лица од Кочани, кај нив е пронајдена дрога, а судија на претходна постапка им определи мерка притвор
-
Приведени двајца германски државјани на ГП Табановце, во нивните возила најдена е дрога
-
По 300 години, „синиот змеј“ повторно забележан во Средоземното Море
-
Монтгомери: Студентските протести не беа иницирани од странство, тие не се поддржани од странски влади
-
Во Франција најавени 250 собири, се очекуваат меѓу 600.000 и 900.000 демонстранти
-
Македонска делегација во стручна посета на рудникот „Ада Тепе“ во Бугарија - пример за одржливо и еколошки одговорно рударство