Словенечката Влада со нови мерки за економска помош за најзагрозените
Владата на Словенија денеска усвои пакет мерки за економска помош за пензионери, студенти, работници со најниски примања и компании.
Министерот за финансии на Словенија, Андреј Ќирцељ, изјави дека пакетот мерки се проценува на 550 милиони евра, пренесува СТА.
Сите вработени со плати помали од двојната вредност на минимална плата ќе добијат еднократни 200 евра од нивните работодавци, а таа сума ќе се пресмета за работодавците како даночно олеснување.
Пензионерите ќе добијат меѓу 130 и 150 евра, во зависност од висината на пензијата, студентите ќе добијат 150, а родителите 50 евра по малолетно дете.
Земјоделците постари од 65 години, со приходи под 591 евро, ќе добијат 150 евра помош.
Државната СИД банка ќе одобри и специјални заеми на компании кои имаат потешкотии во работењето, а државата ќе плаќа по 2.000 евра по вработен на оние чии примања се намалени за над 70 проценти.
Министерот Ќирцељ најави дека законот за нови мерки веднаш ќе биде испратен на усвојување до Собранието на Словенија.
Ново на Сител
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
За изборот на новиот папа, Тема на денот со Кирил Стојанов, новинар
-
Поддршка за Стерјовски пред утрешните парламентарни избори во Албанија
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје
-
Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина
-
Патоказ за малцински прашања како можем компромис за спорот со Бугарија
-
Тошковски: Полицијата прибира докази за пожарот во „Пулс“
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани