-->
-->
Словенците повеќе не смеат да излегуваат од општините каде живеат
-->
На граѓаните на Словенија од денеска им е забрането да ги напуштаат општините каде што живеат.
Ова го одлучи Владата, откако за време на викендот Словенците ги наполнија туристичките места не почитувајќи ги препораките да се остане дома. Забраната за напуштање на општините беше најавена уште на почетокот на минатата недела, но поради генералното почитување на ограничувањето на движењето мерката не беше активирана.
Сега надлежните се на став дека се исполнети условите за нови ограничувања со цел спречување на неконтролираното ширење на коронавирусот.
Поштедени од оваа мерка ќе бидат граѓаните кои не живеат во општината каде што работат и ако мораат поради грижа за стари или изнемоштени лице да патуваат надвор од својата општина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
-
Охридско лето денес слави 65 години роденден
-
Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна