Македонија
19. August 2016 - 8:23

Словачка и Холандија испраќаат помош за поплавените

Донациите од Република Словачка и Република Холандија за настраданите во поплавите денеска ќе пристигнат во Дирекцијата за заштита и спасување. 

На примопредавањето на донациите ќе присуствуваат претставници од амбасадите и претставници од Владата на Република Македонија.

Донациите ќе бидат предадени во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во населба Аеродром, каде се наоѓаат просториите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Во Република Македонија досега преку Механизмот за цивилна заштита пристигнаа донации од Грција, Австрија, Чешка, Унгарија и Бугарија.