Словачка го презеде претседавањето со ЕУ во следните шест месеци

Словачка од денеска го презеде претседавањето со ЕУ во следните шест месеци, во кои Унијата ја очекува старт на преговорите за раздружување со Велика Британија, како и почеток на расправата за иднината на блокот.
Словачка, која е членка на ЕУ од 2004 година, преседавањето со блокот официјално го презеде од Холандија од ноќеска на полноќ.
Во пресрет на стартот на претседавањето со Унијата, словачката Влада ги објави своите приоритети на кои ќе се посвети во следните шест месеци.
Во докумантот на словачката Влада се наведува дека нејзиното претседавање со Унијата ќе има четири клучни приоритети: создавање економски силна Европа, искористување на можностите што ги нуди заедничкиот европски пазар, воспоставуавње баланс во мигрантската и политиката на азил и зајакнување на улогата на ЕУ во светот.
За време на словачкото преседавање со ЕУ, на 16 септември во Братислава ќе се одржи нефромална средба на шефовите на држави или влади на членките на Унијата на која главна тема ќе биде иднината на блокот по британската одлука за напушатње на европскиот проект.
Ова ќе биде прв Самит на ЕУ надвор од Брисел од 2010, кога е решено средбите на врвот да се одржуваат во седиштето на Унијата, а не во земјите претседавачи. Во овој случај е направен исклучок на инсистирање на словачкиот премиер Роберт Фицо, која побарал самитот да се оджри во Братислава, бидејќи „Брисел има негативна репутација во Европа“.
Кога е во прашање иднината на ЕУ, Словачка е една од државите кои сматаат дека реформите на Унијата треба да ги креираат земјите членки, а не европските институции.
Според словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, ЕУ треба да работи на „промена на рамнотежата меѓу европските институции и државите членки“.
- Граѓаните не живеат во институциите, тие живеат во земјите членки, изјави Лајчак, додавајќи дека политиката на ЕУ треба да ја креираат земјите членки, додека европските институции треба само да се здолжени да обзебедат да не дојде до евентуална противречност меѓу политичките одлуки и нивното спроведување.
Ново на Сител
-

Четиригодишно дете прегазено во Драчево
-

Дански скијач извлечен од лавина на Попова Шапка
-

ССМ ќе чека до крајот на февруари договор за зголемување на платите, во март најавува генерален штрајк и протест
-

Од 30 до 200 елени во Галичица благодарение на Репродуктивниот центар
-

Позајмил автомобил од својот братучед, па го продал на друго лице – кривична пријава за 40-годишен гостиварец
-

Воена вежба на македонската и белгиската армија утре кај Радожда
-

„Онкологија 2“: Планот за набавка на биолошка терапија не го носел стручен колегиум, недостигале и протоколи и упатства за биолошката терапија
-

„Сејф Сити“: Одземени 90 возила за две недели
