Слоу Фуд ќе служат алва и шербет за празникот Бајрам
По повод празникот Бајрам, младинската организација Слоу Фуд Млади - Македонија организира настан Eat In Бајрам Мубарак. Настанот ќе ги вклучи младите во заедничка акција за зачувување на традиционaлната храна и локалните рецепти.
- Овој пат, младите ентузијасти ќе приготват алва, која традиционално се служи за овој празник и ќе ја делат на случајните минувачи. Покрај алвата минувачите ќе имаат можност да се засладат со ароматичниот шербет, кој исто така е симбол за овој празник, велат организаторите.
Како што наведуваат, основната цел на настанот кој ќе се одржи на платото кај влезот на Старата скопска чаршија, е промовирање на традиционалната храна помеѓу младите и нејзиното зачувување. Исто така, преку делењето храна се овозможува и поврзување на младите од сите националности и религии.
Слоу Фуд Млади – Македонија е младинска организација која работи во рамките и согласно со филозофијата и принципите на Slow Food и се залага за заштита, промоција и едукација за храна. Нивна цел е еколошки чиста и здрава храна за сите, која е произведена на локален традиционален начин.
Ново на Сител
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов
-
Соработка помеѓу Државниот завод за статистика и УГД - Штип
-
ММФ прогнозира раст од 2,2% за Македонија
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место