Сликите од колонијата „Вевчански видувања“ пред московската публика
Во просториите на Рускиот стопански универзитет во Москва вчера беше отворена изложба на слики од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, како дел од фестивалот „Арт - Балкан 2017“.
Во наредните десет дена руската публика ќе има можност да се запознае со сликите на 35-те домашни и странски автори кои учествувале на оваа позната ликовна колонија, која веќе една деценија секое лето се организира во ресторанот „Виа Игнација" во живописното Вевчани.
Досега Колонијата беше домаќин на голем број еминентни ликовни уметници, меѓу кои се издвојуваат академиците Глигор Чемерски и Васко Ташковски, Трајче Јанчевски, Илија Кафкалески, Стеван Поповски, Павле Кузманоски, Таки Павловски, Доне Миљановски, Данчо Ордев, Ниче Василев, Петар Попчев, Владимир Темков, Решат Амети.
Во изминатите години слики од Колонијата беа претставени на голем број меѓународни изложби, како во Подгорица, Софија, Њујорк и во Скопје.
Организаторите на Колонијата соопштија дека вчера на свеченото отворање на изложбата во Москва се обратиле ректорот на Универзитетот В.С. Белгородски, македонскиот амбасадор во Руската Федерација Гоце Карајанов, претседателката на Македонскиот културен центар во Москва Олга Панкина и организацискиот секретар на колонијата „Вевчански видувања“, Ефимија Угриновска.
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро