Македонија
8. November 2016 - 13:34

Слики од состојбата во Стајковци во моментов

Скопско Стајковци, местото кое беше најпогодено во августовските поплави, денеска повторно е поплавено. На социјалните мрежи веќе почнаа да се споделуваат и фотографии од тоа каква е состојбата на терен. 

Од групата на Фејсук каде што граѓански здруженија, граѓани и активисти организираа помош во август , може да се најдат информации дека состојбата на терен не е добра.

Граѓаните пишуваат дека се движат во чизми и дека вода имало на некои места и до колена, а дека дождот не престанува да врне и да им сее страв дека 6-ти август може да се повтори.