Македонија
4. September 2017 - 20:55

Следува продолжен викенд: Петок неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 8 септември 2017 година (петок), Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.