Македонија
6. December 2017 - 22:15

Следува продолжен викенд - ова е временската прогноза

До крајот на работната недела ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури во поголемиот дел од земјава ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во благ пораст.

Во сабота облачноста ќе се зголеми, а на запад од крајот на денот ќе започнат врнежи од дожд. Преку ноќта кон недела краткотрајно врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата.

Во недела претежно во западните и источните делови ќе има повремени врнежи кои понекаде на повисоките места ќе бидат од снег.