-->
-->
Следната сабота ќе се плива Охридскиот маратон
-->
Општина Охрид, Пливачката федерација на Македонија и АМС најавија дека следната сабота ќе се плива Охридскиот пливачки маратон и тоа по 31. пат на патеката Климе Савин.
Според информациите пријавени се 15 пливачи во машка и 7 во женска конкуренција.
Оваа традиционална манифестација која е заштитен знак на Охрид и Македонија се одржува со извесни прекини од далечната 1962 година.
. Првата маратонска трка се одржала дури во 1954 година во должина од 2,5 километри а по неколку години трката се претвори во 30-километарско макотрпно докажување на спортски и пливачки способности, истрајност, дисциплина и храброст.
Патеката на охридскиот маратон започнува од манастирот „Свети Наум“ и завршува на градското пристаниште во Охрид. Поради долгата традиција овој маратон од 1998 година стана дел и од Гран при серијата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) која заедно со пливачката федерација на Република Македонија со години го организира овој прекрасен спортски настан. Патеката е со долга традиција, воспоставена во 1992 година и е наречена „Климе Савин“. Неприкосновен шампион на оваа патека со години беше легендарниот Петар Стојчев од Бугарија со дури 11 победи. Минатата година златото го освои македонскиот пливач Томи Стефановски.
Женските трки во овој маратон се одржуваат уште од самите зачетоци кога Атина Бојаџи беше првата жена да победи на трката во 1962 година. Минатата година златото го зеде Олга Кузудуб од Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал