Следната недела нови преговори за Законот за ЈО
ВМРО-ДПМНЕ потврди дека во текот на вчерашниот ден до нив бил доставен нов предлог закон за ЈО. Пратеникот Антонио Милошоски вели дека правниот тим на партијата деновиве ќе го разгледа овој текст по што ќе биде закажана нова средба на работните групи помеѓу власта и опозицијата.
"Од она што можев да го забележам и со овој закон власта повторно предложува тимот на СЈО да биде вдомен во тимот на Рускоска. За нас тоа е неприфатливо бидејќи сметаме дека овие обвинители треба да добијат дисциплински постапки за енормните додатоци на плата, а не да бидат наградени. Сепак има простор за преговори и време овој закон да биде усогласен до распуштање на Собранието " вели пратеникот Милошоски.
Од СДСМ изразија надеж дека ова законско решение ќе биде прифатливо за опозициската партија бидејќи е неопходен консензус.
Деспина Тодоровска
Ново на Сител
-
НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Сирија одбива да учествува на состаноците со курдските сили во Париз
-
Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија
-
Кабел со кој се крадела електрична енергија предизвикал пожар на куќа и бандера во Чаир
-
Пожар во автобус на ЈСП - во него немало патници
-
Исчезна 16-годишно девојче во Струмица
-
Опожарено возило во Скопје, нема повредени
-
18-годишник тешко повреден по тепачка во Чаир