Следи пресврт со времето: Еве каде врне попладнево, невремето доаѓа кон Скопје

Од рано наутро имаше зголемена облачност во Охридско и во Преспа. Од оваа облачност имаше врнежи и кон Битолско, а подолго време врнежи се појавуваа во Претор. Оваа облачност се прошири претпладне кон исток кон Гевгелиско, а од пладневните часови се зголеми малку и облачноста во западните делови од земјата. На североисток преку цел ден беше претежно сончево. Дуваше понекаде слаб најчесто јужен ветер.
ВРЕМЕТО ВЕЧЕРВА И ПРЕКУ НОЌТА
До вечерва во северните делови ќе остане ведро со мала до умерена облачност. Во југозападните делови ќе има малку повеќе облачност. Преку ноќта од северозапад ќе почне да дува северен и постуден ветер и ќе има и преку ноќта услови за појава на несабилност понекаде со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови и сосема на исток. Во утринските часови ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува најпрвин умерен, а потоа и особено на север и вдолж Повардарието засилен северен ветер. УВ=6 Т-мин. од 10 до 20 а т-макс. 22 до 29 степени.
Во Скопје утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд, почести претпладне и со појава на пороен дожд и грмежи. Од ноќта ќе дува најпрвин умерен, а потоа и засилен северен ветер. Температурата од 16 до 24 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Поради спуштање на постудена воздушна маса кое ќе започне преку ноќта, појава на нестабилност се очекува уште во ноќните часови. Утре во текот на денот ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд со ретки грмежи, пообилни во западните и крајните источни делови. Појава на слаб дожд попладне ќе има и во недела особено на југот. Засилен северен ветер и посвежо време ќе има до понеделник, а потоа иако ветерот ќе остане северен тој ќе е со послаб интензитет и температурите ќе се во пораст.
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
