-->
-->
Славниот пејач почина на 53-годишна возраст - Ова се последните фотографии
-->
Славниот пејач Џорџ Мајкл почина на 53-годишна возраст, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на неговиот публицист.
Ѕвездата, која ја почна својата кариера во дуото „Вем“ во 80-те години од минатиот век, подоцна многу успешно ја продолжи својата соло кариера, „почина мирно, во својот дом“.
Полицијата соопшти дека не се утврдени никакви сомнителни околности во врска со неговата смрт.

Џорџ Мајкл за време на својата исклучително плодна кариера, која траеше речиси четириесет години, имамо продадено албуми во тираж над 100 милиони.
„Со голема жал потврдуваме дека нашиот сакан син, брат и пријател Џорџ Мајкл почина мирно, во својот дом за време на Божикните празници“, се наведува во изјавата на неговиот публицист.
„Семејството бара да се почитува нивната приватност во овој тежок и емотивен период“, дополни неговиот публицист.
Тој беше британски музичар, пејач, текстописец и продуцент за снимање кој се издигна помеѓу славните во 1980-тите. Неговиот талент го направи еден од најпознатите пејачи.
Ова се последните фотографии направени во септември годинава од Џорџ Мајкл. Тој бил фотографиран во ресторан каде седел со пријателите.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична против кумановка која го терала своето дете да питачи
-
Малолетен пешак прегазен во Скопје
-
Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег
-
Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник
-
Папата Лав Четиринаесетти е подготвен да посредува меѓу завојуваните земји во светот
-
АА: Со напуштање на Владата покажавме колку малку сме корумпирани
-
Нов протест за Фросина денеска во 17 часот пред Универзална сала
-
ЕУ го одобри 17-тиот пакет санкции против Русија