-->
-->
Славниот Дуда се пензионира
-->
Легендарниот кошаркарски тренер Душан Ивковиќ, еден од најтрофејните во историјата на овој спорт, во петокот објави дека заминува во пензија.
„На кошарката не сакам, не можам и никогаш нема да ѝ кажам збогум. Сега само ќе го сменам начинот на кој ќе живеам со неа. Планот е официјалниот крај да биде со голем хуманитарен натпревар, кој ќе биде организиран наредното лето. Тоа треба да биде собир на тренери и играчи со кои сум соработувал за време на кариерата“, стои во дел од пишаната изјава на Ивковиќ која ја доставил до агенцијата Танјуг.
Ивковиќ има 72 години, целата своја играчка кариера ја минал во Раднички од Белград, а како тренер работел во Партизан, Арис, Раднички, Шибенка, Војводина, ПАОК, Паниониос, Олимпијакос, АЕК, ЦСКА Москва, Динамо Москва и Ефес.
Бил селектор на Југославија и Србија.
Во клупската кариера освоил 20 трофеи, од кои два со Олимпијакос во Евролигата, а како селектор има сребро од ОИ во Сеул во 1988 година, светско злато од Аргентина во 1990, три златни медали од ЕП-а во 1989, 1991 и 1995, како и сребра во 2009 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега