Славиме Митровден: Кој нема да биде во својот дом, ќе преспива по туѓи
Денеска е Св. великомаченик Димитриј - Митровден.
Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра...
Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.
Митровден е неподвижен што значи ека секогаш е истиот датум, односно 8-ми ноември по ново или 26 октомври по стар календар. како што велат народните верувања, во очи Митровден или Журжовден треба секој да биде во својата куќа, бидејќи кој нема да биде во својот дом, тој преку целата година ќе спие по туѓи домови.
Ново на Сител
-
Кочани повод за нова интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Тема на денот со Гордан Георгиев, Форум за разумни политики
-
Во странство остануваат 28 повредени во трагедијата во Кочани - Турција ќе прими до 15 за долготрајна рехабилитација
-
На Македонија и се заканува епидемија од морбили - опфатот лани помал од 2023
-
Ако цените од четврток скокнат - ќе има нови мерки!
-
Државна ревизија открива слабости во договорените јавно-приватни партнерства
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека