-->
-->
Слатка победа за Ливерпул
-->

Ливерпул го совлада Евертон на „Гудисон Парк“ со 1:0, во последниот натпревар од 17.коло во Премиерлигата. Мерсисајд дербито, 195-то во првенството, го реши Мане со голот во 94.минута. Ливерпул со оваа победа се врати на второто место на табелата со шест бодови помалку од лидерот Челзи.
Долгоочекуваното градско дерби ги разочара фудбалските фанови, бидејќи до голот на Мане двата тима немаа конкретна можност за постигнување погодок.
Клучниот момент се случи длабоко во судиското надополнување на времето, кога одбраната на Евертон му дозволи на Стариџ да упти ударо од 17 метри, топката заврши во дирекот, но се одби во поле точно на ногата на Мане кој ја врати во празната мрежа. крај/мф/нц
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во официјална посета на Македонија
-

Тројцата полициски службеници обвинети за работењето на кочанската дискотека не се чувствуваат виновни
-

Од годинава три типа матура, гимназијалците на државна, стручните со право на избор
-

Преглед на вестите од светот
-

Судиите не се согласуваат нивните плати да останат замрзнати
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Блискиот Исток на раб на целосна војна
-

Конфликтот на Блискиот Исток – Можна закана за енергетска криза
