Слаби врнежи од снег на Маврово и Лазарополе

Променливо облачно, ветровито и студено време имаме утрово во Македонија. Слаби врнежи од снег има во Маврово и Лазарополе. Снежна покривка има во Претор 3 сантиметри, Крушево 5, Маврово 13 и Лазарополе 16 сантиметри.
Најниска температура утрово е измерена во Маврово -11, Крушево и Лазарополе - 10, Берово и Ѓуриште - 7, Пожаране, Претор, Охрид, Тополчани и Дебар - 6, Тетово -5, Виница, Прилеп и Крива Паланка -4, Битола -3, Куманово, Демир Капија, Штип и Струмица -2, Скопје -1, Дојран 0 и Гевгелија 1 степен.
Во текот на денот времето ќе биде умерено облачно со умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени. Во Скопје, умерено облачно со умерен повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
За време на новогодишните празници времето ќе биде стабилно и суво со студени утра, а преку денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Утринските температури насекаде ќе бидат под нулата, на повисоките места и на планините ќе се спуштат и до -15 степени, а дневните од недела ќе бидат во благ пораст. За Новогодишната ноќ ќе биде ведро и студено со температура во земјава од -14 до -6 степени.
Ново на Сител
-

Започна генералното чистење на Скопје
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
-

Рокас му го презентираше извештајот на Мицкоски
-

Орце Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, вечерва стартува чистењето на Скопје
-

Владина реконструкција по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ – Нема место плус за ВРЕДИ
-

Средба Мицкоски - Рокас во Влада
-

Македонија и Бугарија го потпишаа договорот за изградба на железнички меѓуграничен тунел
