Бизнис
26. March 2019 - 19:55

Слабата реализација на капиталните проекти продолжува

И натаму тешко оди реализацијата на капиталните проекти. Во првите два месеци од годинава изнесува 3,53% што е полошо дури и од истиот период лани. Годинава во јануари и февруари биле потрошени близу 15 милиони евра, лани во истото време реализирани биле близу 2 милиони евра повеќе.

Зимата односно не почнатата граджна сезона е едната причина за лошата реализација, другата е предизборието кое предизвикува застој. Но експретите многу повеќе ги загрижува лошото програмирање и недостигот на дијалог меѓу владата, стопанството и експерите за приоритетите на кои треба да се работи.

Владата е задоволна од собирањето даноци во јануари и февруари што за нив значи дека мерките за борба со сивата економија даваат резултати. Што се однесува пак до капиталните инвестиции, очекуваат подобрување, а истакнуваат дека силен напредок има во изгрдбата на патишта, а овие пари се од посебниот буџет на јавното препријатие.

„Тоа што во периодов е за истакнување е реализацијата на проекти кај Јавното претпријатие за Државни патишта, односно раст на реализацијата на проектите од 300% во однос на минатата година. Или низ бројки реализирани се 2.7 милијарди денари (44 милиони евра) за патна инфраструктура за 2 месеци“.

Оптимизам дека 2019 сепак ќе биде економска година и натаму постои. Последниот квартал од лани покажа дека економијата заживува главно заради зголемената активност во приватниот сектор што е добро. Сега се чека Владата да даде поттик тој тренд да продолжи.

Минатата година беше една од најлошите во реализацијата на капиталните проекти. Со ребалансот парите беа скратени за 300 милиони евра, а од нив се реализираа само 65,6%. За годинава за истана намена се предвидени над 420 милиони евра.