-->
-->
Скршеница и изрешетана дланка на Бартра
-->
Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марк Бартра, кој беше повреден во нападот врз клупскиот автобус бил опериран во болницата во Дортмунд.
Клупскиот автобус на Борусија беше цел на напад, во вторникот вечерта, во моментот додека ги превезувал фудбалерите од хотелот до стадионот, каде екипата требаше да го одигра првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите против Монако.
Германската полиција соопшти дека имало три експлозии и дека експлозивните направи биле поставени во грмушките покрај патот.
Од друг страна според германските медиуми целта на нападот бил токму автобусот, а поголема трагедија била избегната само поради непробојните стакла на автобусот.
Во експлозијата дефанзивецот Бартра се здобил со посекотини на дланката и со фрактура на подлактицата, поради што итно бил опериран.
Натпреварот помеѓу Борусија и Монако ќе се одигра вечерва со почеток во 18:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка
-
Рубио: Зеленски треба да се извини
-
Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп - Зеленски
-
Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш
-
Променливо облачно со повремен локален дожд
-
Почнува Рамазанскиот пост
-
Дел од Општина Илинден без струја
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата