СКРИЕНАТА СУДБИНА
Секое семејство има свои тајни, но некои од нив можат да уништат сè што со години било градено. Кога лагите ќе почнат да излегуваат на виделина, љубовта и довербата се претвораат во разочарување, а животите на две семејства неочекувано се испреплетуваат. Емотивна семејна драма за родителството, болката и цената што понекогаш мора да се плати.
Мехмет е успешен адвокат кој по смртта на сопругата се обидува повторно да воспостави близок однос со својата ќерка Доа. Девојчето го обвинува татка си за смртта на мајката, а за Мехмет, враќањето на нејзината доверба ќе биде многу потешко отколку што очекувал.
Во исто време, ја следиме и приказната за Хандан. Таа е мајка на три деца која верува дека има стабилен брак и семејство. Но, нејзиниот свет почнува да се руши кога дознава дека сопругот Џелал со години водел двоен живот и криел афера со друга жена.
Вистинскиот пресврт доаѓа кога очајниот Џелал бегајќи од проблемите случајно излегува пред автомобилот на Мехмет, кој пак, во тој момент брза да ја спаси својата ќерка Доа. Мехмет го удира Џелал и продолжува без да запре - одлука што ќе го спаси животот на неговата ќерка, но ќе го одземе животот на сопругот на Хандан и засекогаш ќе ги поврзе судбините на двете семејства. Токму тогаш, во најтешкиот период од нивните животи, патиштата на Мехмет и Хандан се вкрстуваат. Хандан ќе мора да продолжи сама да го носи целиот семеен товар и грижата за децата, а Мехмет ќе си вети дека ќе се грижи за семејството на покојниот Џелал, за чија смрт самиот се обвинува.
Ново на Сител
-

Провалиле во над 10 куќи, украле злато, пари и оружје – од една извлекле и сеф тежок 400 килограми
-

Македонија официјално има Гинисов рекордер: Кристијан Бајовски направи 1.257 склекови за еден час со 9 кг тежина
-

Македонските кик-боксери ги дознаа противниците на Светското првенство во Италија
-

Пад на цените на нафтата на најниско ниво во последните десет дена поради надежите за дипломатски пробив со Иран
-

Министерството за енергетика ќе ги соопшти активностите за заштита, сертификација и промоција на македонскиот рубин
-

Рождество на Пресвета Богородица – почетокот на сите празници
-

Променливо облачно, попладне локални врнежи и невреме
-

Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН
