Скотланд јард: Асанж ќе биде уапсен ако ја напушти еквадорската Амбасада

Британската полиција денеска соопшти дека ќе го уапси основачот на сајтот Викиликс, Џулијан Асанж доколку ја напушти Амбасадата на Еквадор во Лондон.
Ваквата најава на Скотланд јард уследи откако Асанж соопшти дека утре ќе ја напушти еквадорската Амбасада и ќе прифати да биде уапсен од британските власти, доколку панелот на Обединетите нации, кој го истражува неговиот случај, донесе одлука која не е во негова корист.
Асанж се крие во еквадорската Амбасада од јуни 2012 година, за да не биде екстрадиран во Шведска, која го бара за да го сослуша во врска со обвиненија за сексуално насилство врз две жени во 2010 година.
Се очекува работната група на ОН да ги претстави заклучоците утре изутрина.
- Доколку ОН утре објави дека сум го загубил случајот против Велика Британија и Шведска, јас ќе ја напуштам Амбасадата в петок попладне и ќе се согласам да бидам уапсен од британската полиција, бидејќи нема сериозни перспективи за нова жалба, истакна 44-годишниот Асанж во објава на налогот на Викиликс на Твитер.
- Но, доколку победам и стане јасно дека државите вклучени во случајот дејствувале незаконски, очекувам итно да ми биде вратен пасошот и да бидат прекинати сите обиди да бидам уапсен, додаде тој.
Аснаж поднесе тужба пред ОН против Шведска и Велика Британија поради одлуката на британскиот Суд од септември 2014 година за негов арбитражен пртивор до завршување на постапката за екстрадиција на шведските власти.
Тој стравува дека по евентуалната есктрадиција во Шведска, шведските власти ќе го предадат на САД каде му се заканува судење поради објавувањето на тајни воени и дипломатски долументи на Викиликс.
Ново на Сител
-

Шведска и Франција на врвот по силувања во Европа, Македонија побезбедна за жените
-

Брвеница избира градоначалник
-

Времето сончево со мала до умерена локална облачност
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
