Џет-Сет
8. August 2016 - 14:47

Скот Иствуд: Ме тераа да ја одбијам Тејлор Свифт

Синот на актерот Клинт Иствуд, Скот, кој е еден од ѕвездите во филмот „Одред на отпишаните“ откри дека менаџерите го терале да го одбие учеството во спотот на Тејлор Свифт.

Скот Иствуд (30) вели дека сите менаџери му советувале да ја одбие улогата во спотот на Тејлор Свифт.

- Ми рекоа дека ќе бидам само уште една „играчка“ во спотот на најобична хитмејкерка, појаснува Скот.

Иако верувале дека таа глума ќе му наштети во кариерата, тој прифатил да биде дел од минатогодишниот спот „Wildest Dreams“.

- Не жалам, бидејќи одлично се забавував, потенцира актерот. 

Ново на Сител