Скопско лето: Изложба на фотографии од Македонија и од Израел
Изложба на фотографии од авторите Кери Харт од Израел и Љупчо Благоевски од Македонија насловена „An Israeli eye on Macedonia, a Macedonian eye on Israel“ ќе биде отворена вечер на платото пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во рамки на Скопско лето.
Постановката се организира во соработка со Амбасадата на Израел и Министерството за надворешни работи на Република Македонија по повод одбележување 20 години од дипломатските односи меѓу двете земји.
Како што велат организаторите, во овој проект на културна соработка меѓу Израел и Македонија, Благоевски и Харт преку своите фотографии сакаат да ја поврзат вековната историја и сегашноста на Израел видена преку нивните објективи.
- Во годината на одбележување на јубилејот 20-години дипломатски односи помеѓу Израел и Република Македонија овој проект има и неколку други поставени цели. Културната соработка меѓу двете држави се подигнува на повисоко ниво преку реалноста на фотографиите кои се микс на јудеизмот, христијанството и исламот па се до модерноста која е симбиоза на сите претходни религии и култури, истакнуваат организаторите.
Кери Харт живее во Израел две децении. Работела во електронски и печатени медиуми, како новинар, но и како фотограф од 1980 година. Ги интервјуирала најголемите израелски и светски лидери. Во октомври 2014 година престојувала во Македонија една недела и ги забележала спектакуларните зајдисонца, езерата, и пријателски настроените луѓе, како и уште многу моменти од нејзиниот престој.
Љупчо Благоевски е роден во Скопје 1964, дипломиран политолог при Универзитет „Св.Кирил и Методиј” во Скопје. Од 2011 година е официјален фотограф во МНР.
Ново на Сител
-
20 заглавени возила во Маврово и Попова Шапка, меѓу кои и возило на Пожарна
-
Семејство со две деца заглави во снегот на локалниот пат околу Мавровското Езеро
-
Гренел: Итна истрага за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец
-
РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари
-
Прегазен 60-годишен пешак во Јегуновце
-
Делчево: Тешко повреден млад возач кој удрил во паркиран автомобил
-
19-годишник со „тојота“ прегазил пешак
-
Хамас соопшти дека е подготвен да разговара за прекин на огнот во Газа