Македонија
19. May 2016 - 15:54

Скопските пожарникари се стекнаа со вештини за ургентна медицина

Триесет пожарникари од противпожарната единица во Автокоманда учествуваа на тренингот „Одговор при ургентни ситуации“ и добија сертификати за успешно поминат курс. Организатори се НВО „ЛинкАкрос“, Град Скопје и Противпожарната единица на Град Скопје.

На овој деветдневен курс, македонските пожарникари имаа можност да научат и практично да вежбаат за идентификација и соодветна реакција на трауми, срцево белодробно оживување и реанимација, имобилизација на повредени пациенти и соодветен транспорт, тријажа при катастрофални несреќи со голем број на повредени лица, реакција при задушување, техники на проверка на пулс и отвореност на дишни патишта, бандажирање и преврски, тимска работа во случај на несреќи и повреди...

Инструкторите на овој курс беа искусни пожарникари и медицински лица од областа на ургентната медицина од САД.