Скопскиот градоначалник Шилегов во посета на Тирана
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на денешната средба во Тирана со градоначалникот на албанската метропола, Ерион Велиај, разговараше за зајакнување на односите и размена на позитивни искуства во интерес за граѓаните од двата града.
Во име на пријателството, Велиај на Шлегов му врачи плакета „Саат кула“, која е симбол во амблемот на градот.
По средбата, Велиај рече дека Тирана и Скопје имаат потенцијал да одат заедно и да учат од успешните модели едни од други.
-Многу сум среќен што и Албанија и Северна Македонија заедно се движат по патот на интеграцијата во ЕУ и НАТО. Верувам дека и нашите градови, Тирана и Скопје, можат да одат заедно и да веруваат дека има многу работи што треба да се научат, рече Велиај, наведувајќи некои конкретни области на соработка меѓу двата града.
Градоначалникот на Скопје, Шилегов, ја пофали незапирливата трансформација на Тирана и изрази поддршка за унапредување на соработката со градоначалникот Велиај и во вториот мандат.
Шлегов во прва посета на Тирана беше во почетокот на декември 2017 година, една година по потпишувањето на меморандумот за збратимување.
Ново на Сител
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај
-
Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран
-
Николоски и Трајановски извршиле вонреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид