Македонија
3. October 2021 - 16:41

Скопски маратон по 17-ти пат

Млади, возрасни, родители со деца, некои со миленици, професионални атлетичари и рекреативци, лица со попреченост... Сите тие беа дел од традиционалниот, 17-ти по ред, Виз Ер Скопски Маратон.

Имаше и учесници за кои пехарот не е предизвик, туку забавата.

Годинава беа пријавени над 6.500 учесници од повеќе од 40 држави. Иако пандемијата речиси го преполови бројот на натпреварувачи, сепак организаторите се задоволни од интересот и се надеваат дека од следната година Скопскиот Маратон повторно ќе руши рекорди на посетеност.

Виз Ер Скопскиот Маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетскиот клуб „Работнички“, а под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.