Скопски цветен фестивал
Под мотото „Во боите на виножитото” денеска и утре во Градски парк ќе се одржи 5. Скопски цветен фестивал.
Фестивалот го организира ЈП „Паркови и зеленило”, а е под покровителство на Град Скопје. Ќе почне од фонтаната „Лотосов цвет“ со цветно дефиле на деца од предучилишните установи и основните училишта, облечени во боите на виножитото, кои ќе се движат низ пет различни патеки во паркот. Дефилето ќе го пратат повеќе од 200 велосипедисти.
По свеченото отворање следуваат настапи на повеќе музички и драмски изведувачи, а посетителите ќе имаат можност да учествуваат и во целодневни активности кои ги нуди програмата: да проследат шоу со магионичари, да вежбаат јога и зумба на отворено, да слушаат музика, да погледнат и учествуваат во најразновидни цветни перформанси.
Целта на фестивалот е на едно место да ги собере сите љубители на цвеќето и природата, уредувањето на околината, уметници, деца и ученици кои што на овој простор ќе ја изразат својата умешност со цвеќето, декорацијата и дизајнот, да се промовира одгледувањето цвеќе пред граѓаните, најмладите да се вклучат во работилници, да ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќето, како и да се подигне јавната свест за заштита на животната средина.
Оваа година на манифестацијата ќе се претстават повеќе од 37 изложувачи - цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, институции и невладини организации од област на екологија.
Манифестацијата ќе биде отворена до недела.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците