„Скопје ВегеПикник 2015“

Под мотото „Смени ја исхраната, смени го светот!“, денеска на Градската плажа „Парк“ ќе се одржи првиот пикник на веганска храна во Република Македонија „Скопје ВегеПикник 2015“.
Организатор е Здружението за заштита на животните и животната средина „Еден“ - Скопје. Веге пикникот е посветен на Светскиот ден на здрава животна средина, кој годинава се одбележува на 26 септември под мотото „Децата се наша иднина - да ги заштитиме нивната животна средина и нивното здравје“.
На пикникот со вегански специјалитети ќе се претстават повеќе скопски угостители и блогови за веганска храна. Ќе има и неколку натпревари - „Vegan Cook-Off“, „Веган предизвик“ и „Највеган фото“, а победниците ќе добијат награди од спонзорите. За децата ќе има специјално детско катче со забавни и едукативни содржини.
Сите донации собрани во рамки на настанот ќе се искористат за помош и лекување на бездомни животни во Македонија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
-

Прекината епидемијата во Гостивар
-

Чадот од пожарите го загрозува здравјето - најчувствителни се децата и хронично болните
-

Училишниот прибор ќе поевтини до 15 проценти, Владата ќе носи одлука во вторник
-

Пораст на просечната плата за 6,4% годишно, пензиите од септември повисоки за 6 отсто
