Скопје утрово е најзагаден град во Европа

Според рангирањето на швајцарската „IQ Air“ Скопје утрово е прв од најзагадените градови во Европа.
Со просечна загаденост од 101, Скопје е прв во Европа, а на 21 место во светот. Веднаш зад Скопје се Aмстердам и Сараево.
Апликацијата „AirCare“ покажува умерена загаденост, но на одредени мерни станици концентрацијата на ПМ-10 честички е над 200.
На сила се мерките на Владата за заштита на населението од загадувањето. На сите работодавци им се препорачува да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и граѓаните со хронична астма, прележан срцев удар или мозочен удар, без оглед на возраста.
Исто така оние кои мора да работат на отворено им се препорачува смените да им бидат поместени во интервалот од 11 до 17 часот, кога загадувањето вообичаено благо попушта.
Ново на Сител
-

Лука и Хана најпопуларни имиња за новороденчињата во 2024
-

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот кон ГП Ќафасан во двата правца
-

Учениците од денеска на зимски распуст
-

Повредени две лица во сообраќајка на патот Кочани –Штип
-

Русија вели дека Украина вчера ја нападнала Москва со дронови
-

Сончево и студено
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
