Скопје очекува консензус во ЕУ за одлука за преговори пред Самитот во Загреб
Северна Македонија очекува консензус меѓу земјите членки на ЕУ за одлука за отворање на пристапните преговори пред мајскиот Самит во Загреб, истакнале вицепремиерот задолжен за евпски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров на средбата во Париз со Клеман Бон, дипломатски советник за Европа на францускиот претседател Емануел Макрон.
– Радува фактот што првичните впечатоци се дека новата методологија отвора можност за суштинско унапредување на процесот на преговори во секоја смисла, како од аспект на силната политичка контрола и водење на процесот, така и во смисла на неговата кредибилност, предвидливост и цврсто почитување на принципот на заслуги, нагласил Османи, соопштија денеска од Секретаријатот за европски прашања.
Тој изразил надеж дека со овој нов моментум ќе се создадат и предуслови во пресрет на претстојните дискусии во Советот на ЕУ, за остварување консензус меѓу земјите членки, за одлуката за почеток на преговорите со Република Северна Македонија, пред Загрепскиот самит во Мај, посветен на Западниот Балкан.
Шефот на дипломатијата Никола Димитров во таа насока потенцирал дека сакаме да бидеме пример за регионот во примената на новиот пристап.
– Одлуката за преговори означува почеток на еден динамичен и напорен процес. Северна Македонија нема да се штеди и е решена да го изоди тој пат, рекол Димитров.
Во рамки на посетата на Париз, Османи и Димитров ќе имаат средба и со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи, задолжена за европски прашања, а ќе се сретнат и со претседателката на Комисијата за надворешна политика во Националното собрание, Мариел де Сарнез и со генералниот секретар за европски прашања при Владата на Франција, Сандрин Годен.
Денешната посета на Француската Република на вицепремиерот Османи и на министерот Димитров се одвива во период на засилена дипломатска и државна активност, во врска со остварувањето на стратешката цел за добивање на одлука за почеток на пристапните преговори.
Ново на Сител
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка
-
8 македонски државјани од Израел се враќаат дома
-
Не се смирува небото на Блискиот Исток - петти ден од конфликтот помеѓу Израел и Иран
-
По посетата на кочанската болница, Алиу веќе доби барање за вработување на неопходен кадар во установата
-
Талески: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс
-
3500 потписи за независна кандидатура во Скопје