Скопје нуди ново уживање во одбојка на плажа!
Градот Скопје од 19 до 23 август ќе биде домаќин на познати одбојкарски двојки кои ќе се натпреваруваат на Меѓународниот турнир во одбојка на песок „САТЕЛИТ СКОПЈЕ 2015“, во машка конкуренција. На денешната прес-конференција што се одржа во просториите на Град Скопје деталите за турнирот ги соопштија градоначалникот Коце Трајановски и генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија, Зоран Карановиќ.
- Ми претставува особено задоволство што овој традиционален турнир во одбојка на песок годинава е издигнат на повисоко ниво, па Скопје ќе биде домаќин на сателит турнир ставен во календарот на Европската одбојкарска конфедерација (CEV) како „САТЕЛИТ СКОПЈЕ 2015“, турнир во машка конкуренција. Досега, на турнирот се пријавени 30 одбојкарски пара, од 21 земја од Европа и тоа: Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Англија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Летонија, Норвешка, Полска, Русија, Сан Марино, Србија, Швајцарија, Турција и од Македонија. Натпреварите ќе се играат во текот на четири дена, од четврток до недела, од 8 до 14:30 часот и попладне од 17 до 24 часот. Во недела, во вечерните часови ќе се одиграат финалните натпревари и ќе се доделат наградите на најдобрите одбојкарски двојки. Градот Скопје финансиски ја поддржува организацијата на турнирот со 800.000 денари, како и со логистичка поддршка од градските јавни претпријатија. Турнирот „САТЕЛИТ СКОПЈЕ 2015“ е во организација и реализација на Одбојкарската федерација на Македонија. Сакам да ги поканам моите сограѓани да дојдат на Градската плажа „Парк“ и да поминат пријатни мигови следејќи квалитетна одбојка – рече денеска градоначалникот Трајановски.
Генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија, Карановиќ, за гледачите најави квалитетни натпревари и добра забава со диџеи.
- Скопје им се придружува на големите европски метрополи како Берлин, Брисел и Париз, во кои се одржуваат вакви големи турнири во одбојка на песок. Наградниот фонд на турнирот „САТЕЛИТ СКОПЈЕ 2015“ изнесува 8.000 евра. Ги поканувам вљубениците во одбојката да дојдат на игралиштата на Градската плажа „Парк“, да гледаат добра одбојка и да ги поддржат нашите репрезентативци, двојката Ангеловски/Клопчевски. Нашата заложба за следната година е во Скопје да ги донесеме и најдобрите женски одбојкарски двојки, на турнир во одбојка на песок – нагласи Карановиќ.
Првата техничка ждрепка за натпреварите во одбојка на песок ќе се одржи на 19 август во 19 часот во хотелот „Холидеј ин“. Квалификациската рунда ќе почне во четврток, на 20 август, во претпладневните часови, во која силите ќе ги одмерат 22 машки одбојкарски двојки. Во четврток, пак, во попладневните часови, ќе се одржи техничката жрепка за главната рунда натпревари, во која ќе настапат 8 одбојкарски двојки.
Ново на Сител
-
Новиот премиер Мохамед ал Башир им вети на Сиријците стабилност и спокојство
-
Русија: Го префрливме Асад на најбезбеден начин
-
Уставен суд ќе ја почнe расправата за Законот за јазиците
-
Намалена видливост поради магла на планиските премини Ѓавато и Страцин
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
-
Лишени од слобода разбојници од Арачиново
-
„Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух
-
Преку безбедносни служби до вечна власт | Павле Трајанов | Неформално | Sitel Podcast 074