Скопје меѓу десетте „најпотценети туристички дестинации“ во светот
Списанието „Тајмaут“ сподели листа на „најпотценетите дестинации во светот што треба да ги посетите во 2026 година“, а на неа се најде и македонската престолнина. Уредничката за патувања на изданието, Грејс Брд издвои 33 градови и знаменити месности од целиот свет, а Скопје е на 8. место.
„Не без причина Скопје е наречен 'Лас Вегас на Балканот'. Македонскиот главен град е земја на чудата со кичести статуи, вклучувајќи ја и репликата за почит на Триумфалната порта од Париз и 22-метарскиот 'Воин на коњ' со фонтана. Ако чувството дека посетувате тематски парк за возрасни не е доволно, тука е и историскиот пазар - Старата чаршија, совршен за попладне минато во пешачење“, се вели во описот.
За крај, редакцијата го препорачува македонското тавче-гравче, коешто не е тешко да се најде во Скопјe.
На топ-листата се најдоа и полуостровот Оса (Костарика), градот Кари-ле-Руе (Франција), автопатот „Тиога пас“ (Калифорнија, САД), Филандија (Колумбија), Ишикава (Јапонија), Сребреник (Босна и Херцеговина), Флам (Норвешка), Њукасл (Австралија) и многу други.
МИА
Ново на Сител
-
Младите во ЕУ си заминуваат од домот на родителите на 26,2 години, во Македонија на 32,1 година
-
Приведен 54-годишен возач во Штип, управувал возило под дејство на алкохол
-
Данте стана најстариот играч во историјата на Лигата на Европа
-
ЦУК: Активни три, под контрола четири пожари
-
Продолжува лекарскиот скрининг на населението во Трубарево, вчера прегледани 111 лица
-
АБА лигата ќе има нов тим – доаѓа од Саудиска Арабија
-
Еурофарм Пелистер без рецепт за победа против ГОГ Гудме, поразен со 31:28
-
Меси осамен на врвот на листата голгетери во МЛС