-->
-->
Скопје домаќин на квалификациите за ЕП за играчи до 19 години
-->
Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 19 години ќе игра против Англија, Унгарија и Летонија во елитната група за пласман на ЕП 2019.
Квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство ќе го организираме во Скопје кон крајот на март идната година, преку кој ќе се брка пласман на на завршницата на континенталниот собир.
-Задоволен сум од исходот на извлекувањето во Нион, мислам дека имаме голема шанса за нов, историски резултат. Групата е силна, но можеме да се надигруваме со сите, впрочем, тоа го потврдивме со пласманот во Елитната фаза и трите победи против Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн. Мислам дека и нашата публика ќе има можност да ужива во натпреварите, ќе играме на домашен терен, за тоа се изборивме и мораме да бидеме задоволни, изјави Вујадин Станојковиќ, селектор на Македонија до 19 години.
Квалификациите во сите групи мора да завршат до 20 мај, а само најдобрите од сите седум групи ќе бидат дел од завршницата на Европското првенство кое ќе биде во Финска, од 16 до 29 јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина
-
Владата ја промовираше развојната национална програма
-
Расте интересот за дуално образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка