-->
-->
Скопје домаќин на 31. Светско воено првенство во борење
-->

Околу 400 спортисти од 32 земји ќе учествуваат на 31-то Светско воено првенство во борење што од денеска до 25 септември ќе се одржува во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
На оваа светска воена спортска манифестација Република Македонија ќе биде претставена од 18 припадници на Армијата, а дополнително од земјата учество ќе земат и тројца судии и двајца тренери.
Организаторите најавија дека надгледувањето на Светското воено првенство ќе се одвива според строгите рамки на правилата по CISM регулативите за одржување на светски воени првенства.
Инаку, 19 спортисти-натпреварувачи биле дел и од Олимписките игри во Рио, годинава, а неколкумина се и носители на златни медали од олимписките игри и светските првенства.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
