-->
-->
Скопјанка уценува од поранешното момче: И се заканил дека ќе и објави компромитирачки фотографии на Фејсбук
-->

Во Полициската станица Карпош вчера во 13:00 часот 26-годишна девојка од Скопје пријавила дека нејзиното поранешно момче В.С.Д. ја уценувало и и се заканувало.
Откако на 30 април годинава ја прекинала љубовната врска со В.С.Д., тој и се заканувал и побарал да му даде 2.000 евра бидејќи бил повреден и дека ќе и го одзел старателството врз нејзиното дете, на кое тој не бил родител.
Тој и се заканил и дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина, а од неговиот фејсбук профил испратил фотографија и порака со компромитирачка фотографија на нејзината сестра, како и на две нејзини пријателки.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
