Македонија
3. January 2024 - 15:31

Скопјани дишат загаден воздух 18 дена по ред

18 дена по ред загаденоста на воздухот во Скопје е на алармантно високо ниво.

Според светскиот сервис што го мери загадувањето, IqAir, поледен пат скопјани дишеле чист воздух на на 16 декември минатата година.

Од тогаш па се до денес загаденоста е на алармантно високо ниво, според IqAir.

И покрај најавите на градските и општинските власти, до ден денеска не се преземени никакви интервентни мерки за да се намали загаденоста.