Македонија
6. October 2018 - 10:57

Скопјанец тешко повреден при пад од скала

Вчера околу 18.30 часот во Скопје на улица „Ферид Бајрам“ додека Н.Ќ.(59) се качувал по скала која била потпрена на куќата, паднал од висина од околу два метри. 

Н.Ќ. бил пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза", каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.