Скопјанец осомничен за тешка кражба на дрзок начин
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ согласно 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, кој може да се даде во бегство или да го повтори делото.
Како што информира ОЈО, вчера на улицата „Разловечко востание“ во Скопје, во близина на супермаркет, осомничениот се доближил зад грбот на една оштетена, ја фатил за левото рамо, а со другата рака и го скинал златното синџирче со приврзок од вратот и го украл, стекнувајќи се со противправна корист од околу 30.000 денари. Со трчање избегал кон автобуска постојка на булеварот „Партизански одреди“ и се качил во автобус.
-Полициски службеници го лишиле од слобода 15 минути подоцна, на автобуската станица кај „Симпо“, при што кај него го пронашле украденото синџирче, соопшти ОЈО.
Ново на Сител
-
Обвинет за убиствата на Вања и Панче е во болница, неизвесно е дали ќе има судење
-
Стримичани вода за пиење ќе добиваат преку цистерни и канистери
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС
-
ОКТА со современа лабораторија ќе го испитува квалитетот на дизелот
-
Отворен регионален центар К9 за дресирање кучиња во Ѓорче Петров
-
Поднесено обвинение против две лица за дивоградба во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Се стопираат огласите со „Балансерот“ критериумите - Министерство за администрација издаде насоки до институциите