Скопјанец осомничен за две разбојништва, Обвинителство бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило две кривични дела „разбојништво“, информираат од ОЈО Скопје.
– Осомничениот 38-годишен скопјанец, на 10 септември, влегол во аптека на улица „Васил Главинов“ во Скопје и на вработената и се заканил со нож, барајќи да му ги даде парите од дневниот промет. Потоа се упатил кај касата од каде одзел 4.430 денари и побегнал, соопштија од скопско обвинителство.
На 14 септември, истиот осомничен на истиот начин одзел 16.500 денари од аптека на булеварот „Св. Климент Охридски“.
– Потоа се обидел да го одземе и мобилниот телефон на вработената, која се спротивставила и дала отпор со туркање. Осомничениот дел од парите од дневниот промет ги извадил од металната каса на аптеката, а дел од картонска кутија во магацинскиот дел на аптеката, а потоа побегнал, велат од Обвинителство.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и основан страв дека лицето би можело да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и оштетените или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор.
Ново на Сител
-

Клековски на 12. турски медицински светски конгрес: Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори
-

Мерки претпазливост за приведените за милионски проневери во ФЗОМ
-

Раст на прометот со храна и горива, пад кај непрехранбените производи во септември
-

Од утре врнежи од дожд, локално пообилни
-

Четворица загинати во падот на хеликоптерот на ЕУФОР, двајца повредени во Тузла, девет во Брчко
-

Танкер во Ормуската Теснина е погоден од чамец со експлозив
-

„112 не е број за секојдневни проблеми“ - ЦУК со апел: Не ја блокирајте линијата, нечиј живот може да зависи од повикот
-

Уапсен Романец на ГП Делчево, поседувал две тегли марихуана и ЛСД
