Скопјанец одгледувал канабис во неговиот дом
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 47-годишно лице за кое постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ЈОРМ, во својот дом на улицата „Рилски конгрес“ во Скопје осомничениот неовластено произведувал наркотична дрога – марихуана. На 21 септември, се посочува, при претрес во неговиот дом биле пронајдени две стебла од растението канабис со висина од по 130 сантиметри, со развиен корен, стебло, листови и цвет, 11 соголени гранки и четири гранчиња канабис, повеќе кутии со траги од наркотична дрога и рачно изработена цигара со марихуана.
До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
