Македонија
30. August 2017 - 14:11

Скопјанец нападнат и ограбен во Капиштец

Вкупно 2.300 евра, 13.000 денари, две денарски штедни и две здравствени книшки му се насилно одземени на скопјанецот С.П. (75) додека влегувал во својата зграда на улицата „Козара“.

Како што соопшти МВР, разбојништвото е извршено вчера околу 17 часот од засега непознат сторител кој најпрво го турнал С.П. со рацете и откако тој паднал, му ги одзел книжните ќеси во кои биле еврата, денарите и книшките по што побегнал во непознат правец.

Од падот, С.П. здобил повреди на носот, десното колено и двете раце.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.