Македонија
11. July 2023 - 17:10

Скопјанец и неговото семејство се заканувале на неговата поранешна девојка, полицијата го уапси

Денеска (11.07.2023) во 08.40 часот полициски службеници од Одделението за семејно насилство - Единица за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(27) од Скопје, поради тоа што претходниот ден тој и членови на неговото семејство упатувале закани кон неговата поранешна 25-годишна партнерка и членови на нејзиното семејство, информира МВР.

Според пријавеното во МВР, тој и претходно ѝ се заканувал и физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.