Скопјанец фатен со над илјада различни монети на ГП Табановце
На Табановце приведен скопјанец кај кого биле пронајдени над илјада различни видови монети.
- На 31.03.2023 во 14.30 часот на ГП Табановце, при влез во државата, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Север – Полициска станица Табановце е лишен од слобода С.Ј.(51) од Скопје, информира МВР.
Според информации од МВР, при извршена дополнителна контрола на лицето, пронајдени се и одземени 1.120 парчиња различни видови монети. Со него бил извршен службен разговор во кој тој појаснил дека монетите му биле испратени по карго, по претходен договор со лица во Република Србија, од каде отишол да ги земе.

Лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе следува поднесок.
Ново на Сител
-

Нов центар во Штип за развој на студентски бизнис идеи
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
