-->
-->
Скопјанец фатен на дело - превезувал миграни
-->
Вчера во 05.00 часот на бензинска пумпа кај село Удово, полициски службеници од Полициска станица Валандово пронашле патничко возило „Ауди А6“ со скопски регистарски ознаки со 14 лица мигранти од Пакистан, без возач. По извршениот увид на местото, во 06.00 часот возилото и мигрантите биле превземени од полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин „Богородица“.
За случајот бил известен Јавен обвинител, по чии насоки возилото било задржано во Полициска станица за Граничен премин „Богородица“, а лицата биле предадени во Прифатен центар за странци Скопје за понатамошна постапка. Инаку, на возилото имало регистарски таблици од товарно возило „Застава“.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Николовски, директор на ЕВРОТИНК
-
Прекинат конгресот на СДСМ на кој се анализираа причините за изборниот пораз
-
Бугарија на 6ти по ред избори во последните три години
-
Последен ден од гласањето на изборите за Европскиот парламент
-
Подготвеност за пожари на отворено
-
Детектор: Две третини од граѓаните сметаат дека имаме неквалитетно образование
-
МПЦ изврши канонизација на Светите Спасе и Спаса Вишенски
-
Работничките во приватниот сектор се уште се дискриминирани на работните места