Скопјанец (27) вооружен се возел низ Чаир, еве што пронајде полицијата во неговиот дом

Секторот за внатрешни работи Скопје-Единица за недозволена трговија поднесе кривичнa пријавa против И.К.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ.
Завчера од страна на полициски службеници на ул. „Џон Кенеди“ во општина Чаир, сопрено било моторно возило управувано од осомничениот.
По извршениот преглед, под седиштето пронајден бил пиштол, празна рамка и празна кутија за муниција.
Лицето било лишено од слобода во Полициската станица Бит Пазар, а врз основа на судска наредба, извршен бил претрес во неговиот дом, при што пронајден бил еден револвер 357 Магнум (4,5мм) и шест куршуми непозната марка и калибар за кои таткото на пријавениот се изјаснил дека биле негова сопственост.
Пронајдените предмети со потврда се одземени за вештачење.
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
