-->
-->
Скок за Србљак и Грабул, Надал и Федерер со поблиску до Мареј
-->

Македонските тенсиери Горазд Србљак и Димитар Грабул кои освоија поени на вториот фјучрс во Скопје напредуваа на АТП листата. Томислав Јотовски на денеска објавената ранг листа на АТП има мал пад од осум места и се наоѓа на 584.та позиција со 52 поена; Горазд Србљак е на 1.207 место со 6 поени и скок од 69 позиции, а Димитар Грабул има скок од 309 места и се наоѓа на 1.561.та позиција со 2 поена. Бесир Дургути има 1 поени и е на 1.948 место.
Во конкуренција на двојки: Јотовски е на 967 место, Грабул - 1.520, Мицов - 1609 и Србљак - 1.651.
Во Топ 10 на АТП листата за одбележување е тоа дека Рафаел Надал и Рожер Федерер ја намалија бодовната разлика во однос на Мареј.
Пласман на првите 10 тенисери:
1. Енди Мареј 7.750 поени
2. Рафаел Надал 7.555
3. Рожер Федерер 7.145
4. Стан Вавринка 5.780
5. Новак Ѓоковиќ 5.325
6. Марин Чилиќ 5.155
7. Александер Зверев 4.470
8. Доминик Тием 4.030
9. Кеи Нишикори 3.285
10. Милош Раониќ 3.230
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
