Скјерн славеше кај Кадетен Шафхаизен
Данската екипа Скјерн оствари важна победа на гостувањето кај Кадетен во борбата за првите две места во групата Д од Лигата на шампионите. Синоќа ракометарите на Скјерн победија со 30:24 и со 8 бодови се први на табелата по пет одиграни кола, додека конкурентите меѓу кои се наоѓа и нашиот претставник Металург имаат по 4.
Во средата во првиот дуел од 5.коло од Лигата на шампионите Флензбург го победи Бешикташ со 33:25, а македонскиот репрезентативец Немања Прибак за турската екипа постигна 6 голови.
Македонските екипи во оваа рунда ќе гостуваат: Вардар кај Колдинг, а Металург на Баја Маре.
Двојки и резултати од 5.коло:
А група: Флензбург – Бешикташ 33:25, Веспрем – Кил, ППД Загреб – Висла, Цеље – ПСЖ.
Табела: Веспрем 7 бодови, Кил 6, ПСЖ 6, Флензбург 6, ППД Загреб 4, Висла 3, Цеље 2, Бешикташ 0.
Б група: Монпеље – Кристијанштад, Рајн Некар Ловен – ПИК Сегед, Киелце – Барселона, Колдинг – Вардар.
Табела: Вардар 8, Барселона 6, Киелце 5, Рајн Некар Ловен 5, ПИК Сегед 4, Кристијанштад 2, Монпеље 2, Колдинг 0.
Ц група: Порто – Мешков Брест, Војводина – Ла Риоха, Татран Прешов – Чеховски Медведи.
Табела: Мешков Брест 6, Ла Риоха 6, Порто 6, Војводина 4, Чеховски Медведи 2, Татран Прешов 0.
Д група: Кадетен – Скјерн 24:30, Баја Маре – Металург, Елверум – Мотор.
Табела: Скјерн 8, Мотор 4, Баја Маре 4, Металург 4, Кадетен 3, Елверум 3
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга